Одбранета титулата три пати по ред!
Toyota лани продаде 10,5 милиони возила
Глобалната продажба на корпорацијата Toyota, во која се вклучени марката за камиони Hino Motors и производителот на мали автомобили Daihatsu, во 2022 година се намалија за 0,1%. Големиот пад на продажбата на јапонскиот пазар од 9,6% за прв пат по неколку години го намали салдото на Toyota под нивото од 2 милиони возила, поточно на 1,9 милиони. Сепак работите во својот тек ги донесе позитивата низ целата планета каде Toyota забележа рекордната продажба од 8,6 милиони возила. За разлика од јапонците, најголемиот претендент за светскиот трон Volkswagen Group неодамна објави дека забележа најниска продажба во период од една деценија, бележејќи 8,3 милиони нови возила што се должи на изолациите поради COVID-19 во Кина и војната во Украина кои ги попречија синџирите на снабдување. Додека некои ограничувања за снабдување поврзани со чипови останаа и за Toyota, но јапонскиот производител на автомобили рече дека силната побарувачка во Азија и зголемувањето на производствениот капацитет и оптимизацијата во Азија и Северна Америка и помогнаа да го зголеми глобалното производство за 5% во 2022 година.


