Toyota – Оптимистички прогнози за 2023

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Закрепнување со можни отстапки…

Toyota предвидува закрепнување на производството на возила во 2023 година, со одредени ризици

Тоyotа планира да произведе 10,6 милиони возила годинава, но предупредува дека конечните испораки би можеле да бидат за 10 отсто пониски доколку проблемите со чиповите продолжат и не успее да набави доволно компоненти, особено полупроводници.

Новата цел ќе биде значителен скок од планираните 9,2 милиони возила што автомобилскиот производител ги предвидува за фискалната година до март. И покрај очекувањата за закрепнување минатата година, компанијата мораше да го намали производството за ноември 2022 и како потфрлување на планот го посочи постојаниот недостаток на чипови. Поради тоа, компанијата за јапонскиот пазар донесе мерка на купувачите на нови автомобили да им додели само еден паметен клуч наместо два. Мерката се однесува на 14 модели за продажба во Јапонија, вклучувајќи ги седаните Crown, хибридите Prius и целосно електричниот bZ4X.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER