Toyota – Забрзува со електричните возила

Повторно ревидирани плановите за производство на ЕВ. Toyota ја зголемува проекцијата!

Доцното вклучување во трката на производство на БЕВ најголемиот светски производител на возила го доведе во позиција да ја преиспита својата стратегија. Развојот на погонот на водородни горивни ќелии, како и форсирањето на хибриднбите возила ги стави во втор план амбициите за пазарот на ЕВ. Таа одлука доведе до смена на челото на компанијата, а само неколку месеци по доѓањето на новото раководство веќе гласно се зборува за рапидно зголемување на волуменот на ЕВ кои Toyota ќе ги пласира на пазарот.

Мината година произведени се само 25.000 ЕВ, а во тековнава шест пати повеќе и треба да заврши со околу 150.000. Во следните години, заклучно со 2025-та, се планира да се произведуваат 600.000 батериски електрични возила годишно. Оваа проекција треба да има постојан прогрес, бидејќи, според плановите, во 2026 производството ќе достигне 1,5 милиони вакви возила годишно. Според менаџментот, до 2030-та, годишната бројка БЕВ треба да сочинува една третина од севкупното производство на возила на Toyota и да достигне волумен од 3,5 милиони примероци годишно.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER