Токискиот ауто шоу го лансира новиот трицилиндерски турбо-бензинец и го потврди новиот автоматскиот DAT менувач
Претходно објавената информација за воведување на нов автоматски менувач во GR Yaris е потврдена на смотрата во Токио.
Посветеноста на спортот потврдена е со нова верзија на Toyota Gazoo Racing Yaris која ќе се најде во продажба во втората половина на годинава. Тој е носител на два новитети. Првиот е новиот осум степен Direct Automatic Transmission кој ја пренесува силата на сите тркала.
Тој е спарен со, исто така, новиот 1,6 литарски три цилиндерски турбо мотор кој испорачува 304 КС и 400 Nm. Новата механика е ангажирана и во LBX Morizo RR Concept, базиран на новиот Lexus LBX.
Hа неговиот развој работеше лично претседателот на Toyota, Акио Тојода, со цел да се задржат висококвалитетните возни перформанси и софистицираниот дизајн што е единствен за Lexus, а истовремено да се создаде модел со високи перформанси што ќе му овозможи на возачот да уживајте во интеракцијата со автомобилот.
Користејќи го воздушниот тунел, браниците се обликувани да постигнат високо ниво на аеродинамични перформанси и стил што ја евоцира суштината на чистите возни перформанси.
Третиот новитет откриен во Токио е специјалното издание на Lexus RZ 450e наречено F Sport Performance. Погонот останува ист како кај најсилната изведба на струја, а осем посебните елементи и материјали применети во дизајнот воведени се нови 21 инчни тркала. Оваа верзија на електричното возило ќе биде ограничена на 100 примероци, ќе биде достапна само во Јапонија и ќе се продава преку лотарија по цена од околу 77.000 евра.
Пријавите за лотарија за специјалното издание RZ 450e F Sport Performance треба да бидат прифатени од дилерите на Lexus низ Јапонија, заинтересираните може да аплицираат до 19 февруари 2024 година, а преговорите за продажба ќе започнат откако победниците ќе бидат контактирани.