Toyota – автономни возила

насловна Поглед во иднината

Има ли возач во автобусот???

Toyota развива оперативен систем за услуги за автономна мобилност

објавено 25. декември 2020

Toyota најави воведување на систем за оперативно управување со услугите за мобилност, поврзан со развојот на е-Палета за самостојно управување. Заедно со голем број партнери, компанијата исто така планира да управува со возилата во целосно мрежниот модел на метропола наречен Ткаен град. Во исто време, се бара комерцијална употреба во неколку области и региони на Јапонија, проект кој треба да биде реализиран во раните години на оваа декада.

Првично претставено на Саемот за автомобили во Токио 2019. возилото со автоматизирани функции за возење требаше да се користи како робо-такси во селата изградени за сместување на спортистите за Олимписките игри во Токио што треба да се одржат во јули 2021. Системот за оперативно управување е додаден како нова функција на е-Платформата за услуги за подвижност на Toyota. Тој се состои од Систем за управување со автономна мобилност за поврзување со возила и луѓе. Системот е наменет да го скрати времето на чекање на клиентите, да го намали сообраќајниот метеж и да го контролира безбедниот, удобен транспорт базиран на потребите. Плановите за распоредување можат флексибилно да се менуваат, при што возилата автоматски се испраќаат и се враќаат во зависност од барањата за мобилност во реално време. Доколку треба да се интегрираат дополнителни возила во услугата за возење, интервалите помеѓу возилата се прилагодуваат за да се обезбедат рамномерни растојанија. Било какви проблеми се препознаваат автоматски, возилата потоа автоматски се враќаат во депото и заменските возила веднаш се испраќаат на трасата. Во итен случај, возилата можат да бидат запрени и повторно вклучени со далечински управувач. Фотографиите покажуваат дека секоја е-Палета има придружно службено лице кое во секој момент може да го превземе управувањето, но повеќе е во функција за евентуална асистенција на патниците и претставува лице на техниката.