Touring Superleggera – Aero 3

Поглед во иднината фото галерии

Сонување со отворени очи

Кога инспирација е Alfa Romeo…

објавено 23 септември 2020

На годишниот Salon Privé Concours d’Elégance кој годинава се одржува во Blenheim Palace, родното место на Винстон Черчил, претставен е возбудливиот Touring Superleggera Aero 3 кој на својата каросерија го носи бројот 19. Инспирацијата ја влече од Alfa Romeo 8C 2900 B LM Coupé Berlinetta Aerodinamica која се тркаше на Ле Ман 1938 година под тој број. Модерната интерпретација подеднакво воодушевува како и музата. Велат дека убавината доаѓа од детаљите, а во нив ќе уживате. Нема повеќе ниту збор да напишеме бидејќи ќе ве оставиме да уживате во фотографиите…