Total 22 години присутен во Македонија

Total 22 години присутен во Македонија

И тоа од самиот почеток до ден-денес со Еуроимпекс
Објавено на 25 декември 2018 година

Добро е познато дека брендот Total е 4-та по големина нафтена компанија во светот, а генерален увозник за македонскиот пазар е компанијата Еуроимпекс. На почетоците, Total беше апсолутно непознат на нашиот пазар, но со многу вложен труд Еуроимпекс денес опслужува над 220 комитенти на територија на Република Македонија. „Стартната позиција на ‘атлетската патека’ беше точно исцртана – се чекаше само стартот, зајакот на трката беше нашиот бренд Peugeot и Citroen“ – објаснува Зоран Мирковски, директор на секторот за масла и акумулатори во Еуроимпекс. Со текот на времето полека, помалку и срамежливо, но крајно искрено и со целосна вземана доверба од своите комитенти, маслото Тотал го најде својот пат во сите сегменти на продажба. Еуроимпекс се гордее со постигнатиот резултат и масовната употреба на маслото Total, кое не е само наменето за возилата на PSA, туку за сите брендови на возила, како од патничкиот така и комерцијалниот сегмент. „Морам да признам и со гордост да истакнам дека Total сега е најбараното масло помеѓу корисниците на возила и дека се издигна како синоним за моторно масло, со докажан квалитет“, додава Мирковски.

Популарноста на Тотал достигна до невидени размери, што пак изминатите години предизвика и нелојална конкуренција и понуда на производи Total кои се со несоодветен квалитет од производителот, нереална цена и неоригинална декларација. Затоа компанијата Еуроимпекс ги советува купувачите при купување на маслото Total да го купат само оној производ на чија амбалажа е поставена декларација од страна на генералниот увозник Еуроимпекс која ги содржи сите информации согласно законот за потрошувачи. Денешниот развој на брендот Total се темели на новите Low S.A.P масла за Еуро 5 и Еуро 6 мотори кои Total ги промовира во соработка со ОЕМ’s (Оrganization of European Мanufactures), Heavy Duty и широкиот асортиман на производи во сите сегменти на индустријата. Еуроимпекс дистрибуцијата на масла ја врши по сите сегменти, располага со широко пространа дистрибутивна мрежа во рамките на целата Македонија и со тоа брендот Total, е лесно достапен до крајниот потрошувач.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER