Togg – Transition Concept Smart Device

насловна Поглед во иднината

Струја од Бурса

Турскиот старт-ап со големи амбиции за годинава

Со настапот на CES турскиот конзорциум Togg составен од пет моќни компании и дебело поддржан од државата, покажа колку е сериозен во своите намери за лансирање национална марка возила. На првите два модела чие производство во сосема новата фабрика во близината на Бурса треба да започне веќе при крајот на годинава ќе им се придружи и трет, кој Турците гордо го покажаа во Лас Вегас. Чудно наречен Transition Concept Smart Device но доста атрактивно дизајниран од Pininfarina, според претходните објави ја има истата техничка основа како и веќе познатите модели. Но дали тоа значи дека купувачите исто така ќе можат да бираат верзии со еден или два електромотора со 200 и 400 коњски сили и два пакета батерии кои ќе им овозможат поминување на 300 или 500 километри, засега не е познато. Турската компанија има планови до крајот на деценијата да располага со гама од пет модели и да произведува по 175.000 возила годишно.