TOGG T10F – Турската електрична лимузина

Турскиот TOGG, по својот кросовер, претстави спортската купе лимузина со ознака T10F

Со изразени европски амбиции, вториот модел на производителот кој има силна државна поддршка се одликува со дизајн во духот на модерните времиња и техничка основа базирана на кросоверот T10X кој веќе е во производство.

Како и него, ќе биде понуден со три технички опции, со погон на задните или сите четири тркала и два пакета батерии. Основната верзија располага со 218 коњски сили и има автономија од 350 или 600 километри, а посилната со два електромотора со вкупно 435 коњи. Со нив забрзува до сто километри на час за 4,6 секунди а со едно полнење ќе може да помине 530 километри.

Според претставниците на компанијата до 2030 година ќе бидат понудени уште три модели, а капацитетите за производство треба да се прошират на 175.000 возила годишно. Низ Турција веќе е воспоставена сопствена мрежа од 500 брзи полначи, а се планира и производството на батериски  ќелии. Освојувањето на Европа треба да започне од Германија кон крајот на годинава.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER