Tesla – Фабриките во Германија и Тексас голтаат милијарди

Илон Маск се жали на огромни загуби

Најбогатиот човек на планетата во своето обраќање новите фабрики на компанијата во Берлин и Тексас ги опиша како „горилници за пари“, бидејќи ниту една од нив не може да го зголеми производството на профитабилни нивоа. „Двете фабрики, во Берлин и во Остин, се огромни печки за пари во моментов. Сето ова навистина брзо ќе се поправи, но бара многу внимание, и ќе треба да се вложи повеќе напор отколку што требаше да се изгради за да се доведе фабриката во Остин до степен на производство со голем обем“, рече Маск. Шефот на Tesla помалку страшна ја гледа ситуацијата во новата фабрика во Берлин конфигурирана да произведува автомобили користејќи го истиот ќелиски пакет. Проблемите во производството се делумно резултат на недостигот на батерии, особено на структурно интегрираниот пакет кој требаше да се вградува во Model Y. Направен е компромис со постариот пакет ќелии за да фабриката во Остин го задржи континуитетот на производството. Маск изрази фрустрација за изолациите поврзани со ковид19 во Кина. Тоа не влијаеше само на фабриката на Tesla во Шангај, туку и на работењето во Калифорнија, кое се потпира на делови произведени во Кина. „Изминатите две години беа апсолутна ноќна мора со прекините во синџирот на снабдување, а ние сè уште не сме излезени од тоа“, рече Маск. Тој тврди дека главниот фокус на компанијата бил изнаоѓање начин како фабриките да останат во функција за да се избегне банкрот. За жал, за вработените во Tesla, еден од начините на кои таа се обидува да ги спречи големите финансиски проблеми е со намалување на нејзината работна сила. Тесла оваа недела потврди дека ќе го намали нивото на платениот персонал за нови 3,5 отсто. Ширум светот Tesla  го намали бројот на вработени вкупно за 10 отсто.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER