Tesla – Ги отклучува ли своите полначи за сите ЕВ?

7,5 милијарди причини за отвореност

За да искористи 7,5 милијарди долари субвенции, Тесла ќе мора да ги отклучи полначите за ЕВ

Неделава Одборот за транспорт на САД се очекува да го финализира барањето што ќе ја притисне Тесла да ја „отклучи“ својата комерцијална опрема за полнење во САД и да им дозволи полначите резервирани исклучиво за користење на сопствениците на возилата Тесла, да ги користат сите БЕВ. Извршниот директор на Tesla Inc., Илон Маск, често зборуваше за можноста за отворање на својата мрежа Supercharging за конкурентите, но всушност никогаш не го стори тоа во САД, каде што компанијата доминира на пазарот на електрични возила.

Сега, дрскиот Маск може да има 7,5 милијарди причини да ги реализира своите најави. Се очекува американското Министерство за транспорт следната недела да го финализира барањето што ќе ја притисне Tesla својата комерцијална опрема за полнење во САД и да им дозволи полначите да ги користат неговите конкуренти. Во спротивно, производителот на автомобили ќе биде изоставен од субвенциите од 7,5 милијарди долари што ги доделува Вашингтон, дел од планот на претседателот Џо Бајден да ја покрие нацијата со 500.000 полначи за ЕВ во наредните години.

Постоечката мрежа на полначи во САД изнесува нешто над 100.000. Мрежата е централен дел од планот на Бајден да се справи со климатските промени со претворање на 50 отсто од целата продажба на нови возила во САД во електрични до 2030 година. Недостигот од полначи на патиштата во САД го забави растот на продажбата на електричните возила. Како што се зголемува притисокот на федералната администрација се појавуваат првите знаци дека Тесла е на работ на демократизација на својата мрежа, иако Маск претходно ја осуди вмешаноста на федералната влада.

По неколку маневри и ветувања во неколку сојузни држави, по кои Маск е познат, сега е доведен до позиција од која тешко ќе може да манипулира. Маск се состана со претставници на Белата куќа минатиот месец во Вашингтон. Меѓу темите за кои се разговараше беше и програмата за полнење ЕВ. Државните претставници се оптимисти бидејќи тие ги држат субвенциите во рака.

Сумата од 7,5 милијарди долари е доволно убедлива и за најбогатиот човек на светот и за акционерите на Тесла кои не сакаат ниту да чујат за намалување на својот профит. Тесла ќе мора и ќе сака да го измени системот на полначи за да има отворен пристап за сите ЕВ за да ги исполнат барањата за подобност, а со тоа да ги добијат субвенциите.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER