Илон Маск го напаѓа водородот

Маск вели дека во автомобилите нема место за водород

Познатиот фронтмен на Tesla и SpaceX не гледа иднина на технологијата на водородни горивни ќелии во автомобилите. Неодамнешното истражување спроведено од CNBC откри зошто Маск стана толку отворено непријателски настроен кон водородната технологија. Извештајот забележува како Маск рутински го осудува водородот како тежок за складирање, транспорт и е закана за општата безбедност поради неговата лесна експлозивност. Во истиот извештај се споредува процесот на рафинирање на литиумот неопходен за батериите во Тесла. Несомнено има силни и слаби страни помеѓу електричните автомобили на батерии и водород, но се чини дека Маск одамна одлучил за ова прашање. Сепак, Маск, како и извршниот директор на Фолксваген, Херберт Дис, веруваат дека технологијата на водород е најдобро да остене резервирана за индустрии надвор од автомобилската сфера. Во твит Дис вели „Време е политичарите да ја прифатат науката, зелениот водород е потребен за производство на челик, во хемиската индустрија, масовниот транспорт… и не треба да заврши во автомобили. Премногу скап, неефикасен, тежок за транспортирање“. Блиските ставови на Дис и Маск се јасни бидејќи  и на VW и на Tesla сите карти им се ставени на електрични возила со батерија.

Од друга страна пак, сé по бројни се компаниите кои веќе имаат изготвено апликативни решенија за секојдневна употреба на водородни горивни ќелии. Во Daimler иднината ја гледаат електрично користејќи ги двете опции како нивниот избран пат за сега. Во меѓувреме, Toyota, Hyundai и BMW веќе посветија време и ресурси за да ја направат водородната енергија чиста алтернатива на литиум-јонските батерии. Автомобилите како Toyota Mirai и Hyundai Nexo веќе докажаа дека масовно производство на електрични возила со водородни горивни ќелии е всушност возможно. Не смее да се заборават дека Opel, а со тоа и групацијата Stellantis, има на располагање ваква технологија како и GM од другата страна на Атлантикот. На крајот, глобалните потрошувачи ќе одлучат дали традиционалната енергија од батериите ќе ги надмине водородните горивни ќелии како извор на енергија во иднината. Тоа е трка која Илон Маск има намера да ја победи, навидум со сите потребни средства. Интересно е што истите намери ги имаат промотерите на водородните горивни ќелии.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER