Електричните камиони на Tesla ќе возат и по нашите патишта
Америка и Европа никогаш немале ништо заедничко во камионскиот превоз но на Tesla тоа не ѝ пречи – компанијата утврди дека е време да го понуди влекачот Семи и на Стариот Континент. Точниот датум кога ќе ја предизвика етаблираната конкуренција сé уште не се знае – познато е само дека својата премиера ќе ја има идниот месец на салонот за комерцијални возила IAA во Хановер. Тогаш ќе бидат објавени и спецификациите кои заради прописите сигурно ќе се разликуваат од американските како и плановите за воведување на пазарот. Треба да се знае дека при развојот на овој електричен камион уште од самиот почеток се водело сметка за европските правила.


