Бубачки во софтверот
Последното ажурирање на софтверот ги смрзна клиентите
Во средината на декември, клиентите на Tesla Model 3 и Model Y добија големо ажурирање на софтверот испорачано онлајн како и обично. Не требаше долго за да почнат да се слеваат првите поплаки. Очигледно, компанијата во предвид ја немаше канадската зима во предвид од каде се дојдени најмногу поплаки и предизвика истрага од канадските власти. Не само што греењето не работи, туку и пристигнаа сериозни обвинувања од сопственици на Model Y. Taka Тајлер Селвиг пријавил дека Model Y можел да го убие неговото семејство кога греењето изгаснало на минус 40 степени. За среќа, на помош дошол автомобил со конвенционален погон, а кога се обратил на сервис службата на Tesla го информирала дека моментално не постои начин да се реши проблемот. Исто така, поплаки пристигнале од Скандинавија и САД за проблеми со греењето. Во зимскиот период, особено во северните држави, каде температурите се многу ниски, овие дисфункционалности можат да бидат опасни по живот, особено затоа што опсегот на електрични автомобили брзо се намалува при ниски температури. Откако доби не помалку од 16 официјални жалби, канадската управа за безбедност на возила отвори официјална истрага пред неколку дена. Сопственикот на Tesla Илон Маск изјави дека решавањето на овој проблем има висок приоритет.


