Tesla Model Y :: Најважен модел за марката

Најважен модел за марката

Додека во Женева вриеше од електрични автомобили, човекот кој е заслужен за тоа во Лос Анџелес го претстави Tesla Model Y

Објавено на 21 март 2019 година

Објаснувајќи го во детали, за помалиот кросовер Tesla Model Y Елон Маск рече дека очекува да се продава подобро од Model 3. Поставен е на истата платформа и очекувано ги има преземено дизајнерските елементи од него, посебно на предниот дел. Јасно, бочните линии и задниот дел упатуваат на семејната поврзаност со поголемиот кросовер Model X. Во минималистички решената внатрешност во која има место за 7 патници или 1,9 кубни метри товар, доминира 15-инчниот екран чувствителен на допир.

Познати по тоа дека често даваат нереални прогнози за производството, овој пат од Tesla беа повнимателни и објавија дека тоа ќе започне дури на средината на идната година. Понудата на Model Y ќе се состои од неколку верзии од кои прво ќе се појават поскапите, што е логичен потег. Основната изведба ќе пристигне последна во пролетта 2021-ва година. Ќе располага со пакет батерии доволни за 370 километри и ќе чини 39.000 долари. Ќе постигнува максимални 192 километри на час и ќе забрзува до првите сто за 5,9 секунди. Варијантата со продолжена автономија ќе биде малку побрза и ќе може да помине 480 километри. За неа купувачите ќе треба да платат 8.000 долари повеќе. Најскапа ќе биде перформансната изведба на Model Y која ќе чини 60.000 долари, а меѓу нив ќе се смести и верзијата со погон на сите тркалата. Нарачките веќе се примаат, за што е потребен депозит од 2.500 долари.

Tesla воопшто нема конкуренција во сегментите на Model S и Model 3, но пазарот на помали електрични кросовери веќе е загреан од германските производители. Затоа и се смета дека овој модел ќе биде најважен за компанијата на Елон Маск. Посебно надвор од Соединетите Американски Држави, заради што се гради нова фабрика во Кина. Во неа вкупно ќе се инвестираат 5 милијарди долари, а ќе има капацитет за 3.000 возила неделно.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER