Во Минхен Tesla го претстави ажурираниот Model 3, покажувајќи дека Европа е важен пазар за компанијата
Tesla Model 3 ќе има мали, но забележителни измени. Тие се однесуваат на браниците, светлосните групи, ентериерот и подобрена аеродинамика.
На предницата се забележуваат потенките фарови и позаоблениот браник. Контурата не е менувана, но има нови тркала од 18 и 19 инчи, како и нови димензии на пневматиците. Тоа е направено за да се зголеми автономијата и поради намалувањето на бучавата при возењето.
Задниот дел има придобивки од поспортски браник и новите задни светла. Ревидирана е и палетата на бои. Промените продолжуваат во внатрешноста која има нова контролна табла, ревидирана централна конзола и подобрени панели на вратите. Ним им се придружуваат материјали со повисок квалитет.
Предниот дисплеј сега е растегнат на 15,4 инчи и додаден е нов 8 инчен екран за патниците на задните седишта кој може да се користи за контрола на климата и забава при патување подржано од двоен безжичен полнач за паметни телефони и прилагодливо амбиентално осветлување. Подобрени се и перформансите.
Model 3 со погон на задните тркала може да забрза од 0-100 км/ч за 6,1 секунда и има автономија од513 км во циклусот WLTP. Варијантата со двоен мотор е далеку поимпресивна бидејќи достигнува стотка за 4,4 секунди и може да помине 629 км со едно полнење.
Кога батеријата ќе се испразни, сопствениците ќе најдат можност за брзо полнење од 170 kW или 250 kW. Tesla тврди дека ова може да обезбеди досег до 282 км за само 15 минути полнење. Во Германија, цената започнува од 42.990 евра, а испораките се очекуваат да започнат следниот месец.