Tesla според вредноста го помина и Volkswagen!
Објавено на 25 јануари 2020 година
Нема застој во поскапувањето на акциите на Tesla – американската компанија според берзанската вредност надмина сто милијарди долари, што е повеќе од Volkswagen! Веста не треба да изненади бидејќи со години наназад се повторува – се менуваат само бројките колку вреди и името на оној со кој се споредува. Ако ве интересира, Tesla лани имаше рекордна продажба од 367.500 возила која е поголема отколку двете претходни години заедно но исто така и за триесет (со зборови 30) пати помала од онаа на VW кој пласираше 10 милиони 974 илјади и 400 возила. Заради нив германската групација вреди 99,4 милијарди долари, а Tesla во еден момент кога на берзата беше постигната највисоката цена на тргување со нејзините акции достигна дури 107,2 милијарди. Сепак имајте предвид дека можеби дури и во моментов кога ги читате овие редови компанијата на Елон Маск ќе биде уште за некоја милијарда повредна, но исто така и дека на 3 јуни 2019 кога акциите беа на најниско ниво лани, нејзината вредност беше три пати помала и изнесуваше „самоׅ“ 32 милијарди долари. Но колку и да се, од нив Елон Мас поседува околу 22 отсто.


