Tesla го купува земјиштето за фабриката во Берлин по багателна цена

Top News Занимливости

Tesla го купува земјиштето за фабриката во Берлин по багателна цена

Одборот на директори на Tesla веќе даде согласност за зделката

Објавено на 25 јануари 2020 година

А како и не би кога според ставките од буџетот на сојузната германска држава Бранденбург на чија територија всушност ќе се гради гигафабриката на Tesla во Берлин, Елон Маск направи добра зделка – за земјиштето со површина од 304 хектари ќе плати 41 милион евра, или, поинаку кажано, метар квадратен ќе го чини само 13,50 евра. Колку за споредба, квадрат во соседното (веќе изградено) индустриско подрачје Фрајенбринк чини 40 евра, а во деловниот кампус Europark Dreilinden 310 евра. За зделката одборот на директори на Tesla веќе даде согласност, а започнато е и расчистувањето на теренот каде работниците продајдоа заборавена муниција од втората светска војна. Протестите против фабриката на локалните жители кои се плашат дека таа ќе ги загрози водоснабдувањето и дивиот свет, не вродија со плод. Така, веќе ништо не стои на патот по кој Tesla масовно ќе ја електрифицира Европа со по 500.000 примероци годишно од Model 3 и Y и други нови модели, започнувајќи од јули 2021 година. Оваа бројка сигурно ќе се зголемува бидејќи во првата фаза ќе бидат искористени само половина од наведените 304 хектари. Се проценува дека гигафабриката ќе чини околу 4 милијарди евра.

 

клучни зборови: