Tesla – Автономија генерација 5 предизвикана!

Занимливости насловна

Маск молчи!

Не сака облози или ..?

објавено 11. јануари 2021

Шефот на Tesla, Илон Маск ја сака играта на зборови. Од неодамна социјалната мрежа Twitter го замени одделот за печат на најбогатиот човек на планетата. Оттаму, тој ги постира своите идеи, вредносни проценки и покажува своеволно однесување. Поради тоа тој беше предизвикан од два индустриски гиганти. Еден од нив е George Hotz, основач на автономниот систем за помош comma.ai, кој може да биде имплементиран во голем број возила. Hotz му порача на Маск да не бид многу сигурен дека ќе го достигнете нивото 5 за автономно управување со возила следната година. Дури беше понуден личен облог во вредност од 10.000!

Два дена подоцна Маск одговори дека е сигурен во Tesla Full Self Driving и дека ќе работи на безбедносно ниво далеку над просекот оваа година, но за тоа нема легислатива изгласана во законодавниот дом. Следеше директен одговор на Hotz кој се задржа на облогот додавајќи дека месецов ќе се вози со Model 3 опремен со FSD. Во овие 30 дена системот ќе биде следен. Ако не се појават неправилности победува Testla. Aко од безбедносни причини корисникот мора да интервенира за да стигне на зададените локации, победува Hotz. Уште беше предложено видео доказите да бидат објавени јавно. На ова Маск уште нема одговорено.

Инвеститорот и производител на мали серии Џејмс Гликенхаус исто така чека одговор на обраќањето кон Маск во кого го напаѓа за неговиот пост дека технологијата на водород е неописливо глупава. ”Исто така рековте дека нашиот Ваја 1000, пик-ап со погон на водород, ќе биде одличен тест за вашиот Cypertruck. Во изградба е бродот со водороден погон, а кога ќе се лансира Ваја 1000 во 2023 година ќе можете да му се спротивставите со Cypertruck.“ Инаку агресивниот Маск со молчење одговори на предизвикот и наместо тоа сними Твитер со снимки на беспилотни летала од високо субвенционираната фабрика Гига во Грунхајд, Бранденбург. Во меѓувреме, Гликенхаус дотура масло на оганот со опаската во американскиот магазин Car and Driver дека  нема идеја дали Маск ќе го прифати нашиот предизвик. Не мислам така, затоа што тој знае, и покрај неговите јавни тиради, дека водородот е посоодветен од сегашните батерии за екстремни средини. Оваа борба во ракавици само го разгорува пламенот за надмоќ на технологиите. Фактите се во прилог на водородот бидејќи со негова помош, во процес на обратна електролиза, директно се добива струја за електромоторот а резултат на ”согорувањето” е чиста вода. Со ова избегнуваат батериите кои се скапи, тешки и потполно не еколошки во процесот на изработка и рециклирање.