Тризабецот со ново наведување!

Од идниот месец инфо-забавниот систем Tом-Том Mia ќе дебитира во Maserati

објавено 28 септември 2020

Моделите Ghibli, Levante и Quattroporte кои ќе се испорачуваат од октомври ќе бидат опремени со инфозабавен систем на Том-Том, а истиот ќе биде дел од  суперавтомобилот MC20 кој ќе дебитира идната година. Во Миа се интегрирани услугите на навигација Том-Том Traffic и EV-Services, услуга наменета за идната целосно електрична серија Folgore. Опсегот е визуелизиран на мапата со користење на динамично мапирање на опсегот. Интегрираното решение на Том-Том се прикажува и на централната конзола и на контролната табла и има кориснички интерфејс што може да се прилагоди за да одговара на личните преференции на возачот. Се прикажуваат упатства за управување, радарски предупредувања, како и предупредувања за сообраќајот и евентуалните  опасности. Предвидено е и предвидување на дестинацијата, кое има за цел да предложи правци до омилените места на корисникот во разумни периоди.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER