Светски женски автомобил на годината

Занимливости фото галерии

Peugeot со две награди

Кога автомобилите ги бираат исклучиво жени се добива типичен женски резултат…

објавено 28. февруари 2021

За да нема лутење, жирито составено од 50 дами кои се специјализирани автомобилски новинари од 38 држави од планетата, првично доделени се награди по категории. Кандидатите беа респределени во девет групи од кои Peugeot победи во две и тоа со 208 како најдобар урбан автомобил и 2008 прогласен за најдобро градско спортско-корисно возило. Во категоријата најдобар фамилијарен автомобил победата ја однесе Skoda Octavia додека Lexus LC500 Cabrio е најдобар луксузен автомобил. Ferrari F8 Spider e победник меѓу перформансните автомобили. Кога сме кај средните и големите теренци во прв план дојдоа Land Rover Defender и KIA Sorento. Електричната Honda победи во оваа категорија додека Ford F-150 е најдобар во категоријата на 4х4 возила и пикапи. Од деветте победници ќе се избере носителот на титулата ”Женски Светски автомобил на годината“ за 2021 која ќе биде објавена на адекватен датум за оваа пригода, 8-ми Март.