Suzuki Jimny Nomade – Од Европа протеран, во Јапонија го обожуваат

Продажбата и сите промотивни активности откажани поради неможноста да ги задоволи побарувањата

Заради огромниот интерес Suzuki мораше да запре со продажбата на новолансирана петвратна верзија на Jimny.

До тоа дојде по само четири дена за кои јапонскиот производител прими неверојатни 50.000 нарачки, а фабриката во Индија каде се произведува може да испорача само 1.200 возила месечно. Тоа значи дека листата на чекање за овој интересен теренец е долга три ипол години.

Suzuki ги откажа најавените промотивни настани и им се извини на сите потенцијални купувачи што не можеле да го нарачаат но не кажа ништо кога би дошло до нормализирање на продажбата. Не е прв пат Jimny да предизвика вакви пореметувања.

Тоа се случи во 2018 при неговото лансирање во Европа, а и импортерот на марката за Австралија мораше неколку пати да паузира со продажбата заради преголемиот интерес. Jimny Nomade како што во Јапонија е наречена неговата верзија со пет врати

е за 34 сантиметри подолг и за 25 отсто поскап од стандардниот модел. Има цврста шасија и исти препусти и пристапни агли што значи дека теренските својства во најголема мерка се задржани.

Се испорачува со 1,5 литарски мотор со 105 коњски сили со петстепен мануелен или четиристепен автоматски менувач а погонот на сите четири тркала е стандарден. Европа мораше да ја напушти бидејќи ја зголемуваше просечната емисија на јаглерод диоксид, за што Suzuki требаше да плаќа драконски казни.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER