Suzuki може да го укине Jimny во Европа!

Top News Занимливости

Suzuki може да го укине Jimny во Европа!

Проблеми со издувните гасови има и Suzuki

Објавено на 27 јануари 2020 година

Како резултат на притисокот на новите норми за издувните гасови, Suzuki може да го укине Jimny во Европа само година ипол по лансирањето. Кога се појави тој веднаш одушеви голем број купувачи, кои покрај релативно високата цена застанаа во ред за него и чекаа на испорака со месеци. Но сега наводно неговите емисии на јаглерод диоксид го оптоварувале целокупното салдо на марката, која заради тоа треба да плаќа високи пенали. Постои можност овој симпатичен мал теренец да се трансформира во доставно возило со N1 хомологација, бидејќи тие не влегуваат во математиката за просечните емисии.

За судбината на Jimny сепак треба да се почека некакво официјално соопштение од Suzuki а на тоа ќе почекаме бидејќи јапонскиот производител има други проблеми. Имено, тој веќе потврди дека од властите на Холандија примил 107 страници документација за извршени тестирања на дизел верзиите на Vitara и S-Cross од 2017 година, кои повеќе не се произведуваат. Според наводите, овие возила во повеќе наврати покажале нерегуларности во поглед на емисиите. Одговорот на Suzuki се очекува до средината на февруари.

 

клучни зборови: ,