Subaru Sport Mobility – Japan Mobility Show 2023

Увид во електричната иднина на BRZ

Електрично купе кое воведува нови дизајнерски принципи на марката

Навикнати сме на посебноста на Subaru чии модели отсекогаш биле поинакви од другите. Така ќе биде и во иднината која ја најавува новиот концепт Sport Mobility претставен на јапонската смотра на мобилноста. Со него Subaru не само што ја најавува електричната иднина на купето BRZ туку воведува и ново дизајнерско изразување, кое значително отстапува до сегашното. Впечатливиот спортски изглед ги меша меките линии со акцентирани рамни површини. Карактеристичниот преден дел е со изразени отвори за воздух и тенки светла кои му даваат привлечен изглед. Големите стаклени површини визуелно се вклопуваат со затемнетите затемнети столбови. Флуидниот облик на каросерија е истакнат со испакнатите крила и аеродинамично оптимизираните тркала, додека задниот дел е прилично едноставно среден.

Нема информации за спецификациите, но од Subaru велат дека ќе има напредна технологија за контрола на вртежниот момент која ќе му дозволи на возачот да има контрола на сите четири тркала по своја волја. Освен воланот со малку чуден облик внатрешноста е прилично конзервативно  решена. Засега нема сигнали дека се подготвува за сериското производство.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER