Subaru – Jубилеј

Занимливости насловна

20 милиони возила со AWD

Subaru е препознатлив по боксер моторите и погонот на сите тркала

објавено 19. јули 2021

Кога започна со производството на погонот на сите тркала во 1972 година па до денеска Subaru прокнижи 20 милиони возила. Од првенецот Leone 4WD Estate Van, кој е забележан како прво јапонско масовно произведувано возило со ваква дистрибуција на силата, па до денеска имиџот на оваа марка се базира на два столба. Првиот е боксер моторот кој неодамна го прослави својот 55 роденден, а вториот е погонот на сите тркала.

Сите што барем малку се интересираат за автомобилизмот знаат дека Subaru го докажа својот квалитет не само на пазарот туку и на рели натпреварите каде сé уште доминира. Денеска, дури 98% од глобалната продажба е сочинета со погонот на сите тркала. Subaru Symmetrical All-Wheel Drive кој е  поврзан со надолжно поставениот боксер мотор, склоп кој овозможува ниско тежиште и одлично избалансирана тежина што даваат супериорни возни перформанси и одлично однесување во сите временски услови и подлоги.  Кога започна со сериско производство основниот пренос беше на предните тркала додека префрлувањео на сите се одвиваше преку склопка.

Со настапувањето на втората генерација достапна во моделите произведувани од доцните 80-ти и раните 90-ти години на минатиот век настапи Full-Time 4WD. Овој систем еволуира во денешниот Symmetrical All-Wheel Drive кој преставува круна на компанискиот погон на сите тркала развивана 50 години. Subaru го следи трендот и барањата на пазарот, но не се откажува од својот погон инкорпорирајќи го во потполно електричното спортско-корисно возило Solterra.