Subaru во Европа ја претстави новата генерација на Forester
Моделот кој некогаш порано беше клучен за имиџот на марката ќе доаѓа само како благ хибрид со дволитарски боксер познат од порано, но малку ослабен заради еколошките норми. Тоа значи и дека покрај новиот систем за вбризгување на горивото тој место 150 ќе располага само со 136 коњски сили, што сигурно нема да им се допадне на европските купувачи.
Затоа пак погонот на сите четири тркала е стандарден, а предност му даваат и нешто поголемите димензии и клиренсот од повеќе од солидни 220 милиметри. Електрониката располага со посебен off-road режим на возење а сите верзии ќе доаѓаат со девет воздушни перници. Продажбата ќе стартува пред крајот на годината по цена која се очекува да бидат повисоки од сегашните 38 илјади евра.
За 27 години колку Forester е во продажба Subaru има продадено повеќе од пет милиони примероци, од кои само околу 370 илјади во Европа. Ланската година компанијата на Стариот континент ја заврши со 23 илјади пласирани возила, што е повеќе од двојно отколку претходната 2022-ра. Од нив околу четири илјади беа од Forester. Kолку за споредба, овој модел во Америка лани беше избор на преку 150 илјади купувачи.