Subaru Crosstrek – 2024 доаѓа со AWD и CVT, започнува од 26.290 долари

Еволуција на провереното

Новата генерација на Crosstrek има нова технологија, подобрена безбедност и ажуриран изглед.

Кога се лансира нова генерација на веќе познат модел очекувано е да се направат интервенции на изгледот што ќе го одвојат од претходната. Барем тоа така го прават европските и американските марки.

Сепак, јапонците имаат поинаков пристап давајќи предност на еволутивните наспроти револуционерните промени. Subaru Crosstrek ја задржа силуетата што ја има од самиот почеток и додаде помали фарови и поширок нос. Во однос на пропорциите новитетот е околу 15 мм подолго од стариот Crosstrek бележејќи вкупна должина од 4,48 м. Темната пластика, за да се нагласи теренскиот изглед, се користи повеќе додека лаковите над тркалата изгледаат речиси идентично со оние на најновиот WRX.

Subaru истакнува дека каросеријата е за околу 10 проценти поцврста. Под хаубата на Subaru Crosstrek се наоѓа проверениот пар погонски единици. Тоа се дво литрениот боксер со 152 КС и 2,5-литарски агрегат што испумпува 182 КС. За оние што претпочитаат рачна работа, веста дека е исфрлен мануелниот менувач може да биде разочарувачка. Секој Crosstrek исклучиво ќе испраќа сила до сите четири тркала преку Lineatronic CVT менувач.

Она што е прескокнато е било која форма на електрификација, барем засега. Внатре во основниот Crosstrek, купувачите ќе го најдат истиот 7-инчен инфозабавен систем од моделот на заминување. За среќа, се нуди и нов 11,6-инчен инфозабавен систем поставен вертикално. Со оглед дека е најдобро продаваниот модел на Subaru во Америка нема да биде пропуштено за него да се понудат многу опции за да создаде визуелно и возачко искуство и на патот и надвор од него.

Crosstrek дебитираше пред 12 години и досега се продадени повеќе од милион примероци, а само лани забележани се 155.142 продажни договори. Успехот на Crosstrek е благодарение на големиот простор за патници и товар, разновидноста и проодноста проследени со конкурентна цена која започнува од 26.000 долари. За сега нема никакви планови Subaru да го продава Crosstrek во Европа.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER