Subaru – Седум децении перманентен раст

Subaru е најголем светски производител на автомобили со погон на сите тркала.

Историјата на Subaru како производител на автомобили започна во 1958 година со моделот 360, кој постигна култен статус. Компанијата подоцна го донесе погонот на четири тркала во светот на масовно произведуваните патнички автомобили. Но, Subaru сакаше да биде многу повеќе од марка која произведува теренци и возила со погон на сите тркала. Брендот комбинира спортски имиџ, боксер мотори, господареше на рели шампионатите, се истакнува со безбедноста и квалитетот. Едно од значајните остварувања е воспоставувањето на симетричен погон на сите тркала, кој обезбедува безбедно и контролирано возење.

Legacy сè уште е најпродаваниот автомобил со погон на четири тркала во светот, а Impreza имаше голем успех во Светскиот рели шампионат. Subaru, исто така, придонесе за развојот на спортско-корисните возила и кросоверите, од кои се издвојуваат Outback и Forester. Судејќи според официјалните статистики,  сопствениците на Subaru се меѓу најсреќните, што се гледа во нискиот процент на дефекти на возилата. Во ново настанатите околности и забрзаната електрификација Subaru не се снајде најдобро, но најде решение. Првите чекори во оваа насока дојдоа преку соработка со Toyota. Сега марката планира амбициозни чекори кон хибридна и електрична мобилност. Годинава на пазарот беше лансирано првото ЕВ Solterra кое е технолошки близнак на Toyota bZ4X додека осум целосно електрични модели се очекува да излезат на пазарот до 2028 година. Воедно,  хибридните и електричните возила се очекува да сочинуваат 40 отсто од продажбата до 2030 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER