Изненадувачка одлука на Таварес
Раководството на Stellantis донесе изненадувачка одлука – ќе се повлече од европската асоцијација на производители на возила ACEA. Место тоа, сами ќе се соочат со предизвиците на иднината со воспоставување јавен форум на кој учесниците можат да разговараа за клучните чекори за почиста мобилност. Вториот по големина производител на возила во Европа не ги образложи причините за овој свој потег најавувајќи само дека деталите ќе бидат објавени пред крајот на годинава. Се огласи и европската автомобилска лоби група чиј претседател пред неколку години беше и Карлос Таварес, од каде кажаа дека иако се тажни заради заминувањето на Stellantis ќе ја почитуваат нивната одлука. Во оваа асоцијација членуваат скоро сите производители на возила кои имаат свои погони во Европа, освен Nissan, Suzuki и сега Tesla.


