Новиот лидер на Stellantis, Џон Елкан, направи втора реконструкција на неговиот кабинет
Со заминувањето на Карлос Таваре беа најавени тектонски поместувања во групацијата Stellantis. Првиот потрес беше направен пред новогодишните празници, а сега дојде до нова распределба на водечките позиции.
Со цел да се направи поедноставување на одлуките и брзината на реагирање на предизвикувачките состојби во автомобилската индустрија објавени се новите менаџери на неколку брендови. Најинтересно е сменувањето на Линда Џексон од позицијата на прв човек на Peugeot.

Поставен Ален Фави, искусен менаџер во браншата веќе 35 години, кој дојде во групацијата од местото на прв човек на Europcar, а во неговото портфолио стои дека беше потпретседател на бордот на Škoda и го водеше холдингот Porsche.

Боб Бредфорд, челникот на Северно Американската филијала на Јеер сега застана на чело на брендот на глобално ниво.

Завиер Пежо, заштитникот на капиталот на семејството Пежо од позицијата подпретседател на групацијата Stellantis за комерцијални возила е поставен за прв човек на DS, премиум брендот на Citroen кој има големи амбиции, но иднината е неизвесна.

Eн Абуд беше присутна во групацијата осум години на местото задолжено за глобалната малопродажба на Рeugeot, а подоцна за групацијата Stellantis. Сега таа е наместото на Завиер Пежо. Како стојат работите, во Stellantis ќе има уште хоризолтални и вертикални потреси…