Stellantis се приближува до ѕвездите

Групацијата  Stellantis стана мнозински сопственик на стартапот Archer Aviation и ќе започне да произведува електрични летала

Според договорот направен на почетокот на годинава Stellantis требаше, во блиска иднина, да започне со производство на ветувачкиот концепт на леталото Moonlight e-VTOL (electric Vertical Take-off and Landing) конструирано од стартап компанијата Archer.

По неодамнешното купување на приближно 8,3 милиони акции на берзата групацијата Stellantis стави шепа на оваа компанија и стана мнозински сопственик. Со ова, покрај 14 автомобилски марки, под чадорот на групацијата влегува и аеронаутиката. Со цел да се забрза комерцијализацијата забрзано се работи на изградбата на фабриката. Првата градежна фаза во американската сојузна држава Џорџија треба да биде завршена кон крајот на оваа година.

Производствениот капацитет е дизајниран да произведува до 650 летала годишно. Archer Midnight е дизајниран да превезува четири патници (плус пилот). Наменет е да обавува летови на кратки релации од околу 30 до 80 километри. Времето на полнење на батериите, како што е најавено, би требало да трае околу десет минути. Ова е прв чекор кон  замена на традиционалните хеликоптери и нивната примена во урбани средини.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER