Stellantis го запре производството на Leapmotor T03

По само шест месеци моделот Т03 престана да се произведува

Stellantis и Leapmotor лани започнаа со производство на T03 во фабриката на Stellantis во Полска со цел да ги избегнат високите царини на Европската унија за увоз на електрични возила од Кина. Но, стратегијата претрпе удар кога Франција, најголемиот пазар на Leapmotor во Европа, одлучи дека T03 не е подобен за стимулации за ЕВ бидејќи се произведува по системот SKD (Semi Knockdown).

Имено, во фабриката во Тиши, целата каросерија доаѓала веќе склопена во Кина а на неа се монтирале компоненти за да се финишира производот. Франција ги доделува бонусите врз основа на „екоскор“ што ги зема предвид емисиите на CO2 што се користат за производство и транспорт со што ги дисвалификува автомобилите од кинеско или азиско производство.

И покрај тарифата од 21 отсто, која Leapmotor ја плаќа на секое произведено возило по принципот ЅKD во Европа, не беше аргумент во полза купувачите во Франција да добиваат субвенции во висина од 4.000 евра по возило.  Stellantis и Leapmotor во моментов немаат планови да го обноват производството на T03 во Европа. Воедно, планираниот електричен кросовер В10 нема да се произведува во Полска. Обновувањето на производството ќе се случи во текот на првиот квартал на идната година, најверојатно во фабриката на Stellantis во Сарагоза.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER