Stellantis – Седум нови електрични модели

Stellantis се подготвува за електрична битка со евтината кинеска конкуренција

На новата платформа применета кај свежо претставениот Citroen e-C3, групацијата Stellantis планира да исфрли седум автомобили. Наречена Smart Car таа е проектирана да биде поевтина за производство и да може да прими и мотори со внатрешно согорување. Очекувањата на компанијата се продажбата на возила поставени на неа да нарасне и до два милиона годишно, за што разновидноста во понудата ќе биде клучна.

Така освен новиот C3 извесно е дека на неа ќе биде поставен и наследникот на Fiat Panda кој ќе се појави идното лето на 125-годишнината од основањето на италијанската  марка. Од  другите модели можат да се очекуваат уште C3 Aircross и новиот Opel Crossland, а за преостанатите засега нема никакви најави кои би биле.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER