Новата STLA голема платформа на групата овозможува секаков погон
Групацијата Stellantis е пред претставување на своите четири нови платформи. Тоа се STLA Small, Medium, Frame и STLA Large. Оваа последната е наменета за употреба во автомобили, кросовери и теренци, овозможувајќи разни погони и ќе биде движечка сила преминот кон електрификација во Северна Америка.
Новата голема платформа може да се употреби како основа на електрични возила со батерии, возила со внатрешно согорување или хибриди. Според информацијата што доаѓа од Stellantis оваа архитектура ќе овозможи максимална автономија до 800 километри со потенцијал за забрзување од 0 до 100 км/ч од фантастични две секунди. Батериите ќе бидат со капацитет од 85 до 118 kWh и архитектура од 400 волти, додека онаа од 800 волти доаѓа подоцна.
Што се однесува на моторите со согорување и хибридите, најверојатно ќе бидат регрутирани дво литрениот четири цилндерски турбо бензинец и шест цилиндерскиот би-турбо. Овој податок укажува дека американските Jeep Wrangler, Dodge Challenger и Charger во иднина нема да бидат исклучиво електрични. Платформата STLA Large овозможува меѓуоскино растојание од 2.870 до 3.075 мм и поддржува погон на предни, задни или на сите тркала.
Погодност е што возилата кои ќе бидат поставени на оваа база ќе имаат можност растојанието од тлото да им биде од 140 до 288 мм. Тоа нема да биде доволно за тврдокорните љубители на теренското возење, но во предвид се земени повеќе големи возила со различни цели, па затоа во прв план е флексибилноста. Воедно, ќе има модификации на погонската спрега што ќе ја подобрува ефикасноста и опсегот.
Според Stellantis, до 2026-та ќе бидат лансирани, покрај споменатите Јеер и Dodge, уште шест модели во форма на автомобили и теренци од Maserati, Chrysler и Alfa Romeo. Први на пазарот со STLA Large платформата ќе бидат електричните Dodge Charger и Jeep Wagoneer S чие лансирање е закажано кон крајот на годинава.