Европски амбиции

Со паметно избрано име, Ssangyong се приклучува на „зелените“

Следната година корејскиот специјалист за спортско-корисни возила влегува во борба за купувачите на електрични возила. Од следната година на сцена доаѓа Korando како чисто електрична верзија наречена e-Motion. За погонот е задолжен електро-мотор со 190 коњи и батерија со капацитет од 61,5 киловат часови кои треба да обезбедат опсег од 339 километри. Батеријата може да се наполни од 20 до 80 проценти за нешто повеќе од половина час преку CCS конекцијата. Сините акценти и затворената решетка на ладилникот го разликуваат Korando e-Motion од моделите со мотор со внатрешно согорување. Колку е важен Стариот континент покажува одлуката да за прв пат во историјата на Ssangyong ќе биде лансиран еден модел прво во Европа  па потоа во Јужна Кореја.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER