Маневар во деловната стратегија
Со добивањето на нови сопственици, SsangYong ќе го смени името
Најстариот производител на возила од Јужна Кореја, SsangYong, основан во 1954-та година ќе го смени името поради „болниот имиџ“, како што велат новите сопственици. По неколку длабоки кризи и банкроти, оваа компанија ја купи KG Group и сака името SsangYong да го прати во историјата. Иако одлуката за промена на името во KG Mobilty допрва треба да го одобрат акционерите евидентно е дека наскоро ќе го видиме новиот амблем на компанијата. Оваквиот потег се оправдува поради проблематичното минато иако брендот SsangYong Motor има солидна популарност и купувачи кои имаат добри искуства со неговите теренци. Во осумдесеттите години на минатиот век SsangYong беше во рацете на Daewoo, потоа го купи кинескиот SAIC од кого го превзема индијската Mahindra. KG Grоup стана нов сопственик минатата година. Доколку акционерите го одобрат менувањето на името ќе следува темелно ребрендирање , најверојатно, смена на деловната стратегија и моделската понуда. Најновиот модел Torres веќе се продава на пазарот во Јужна Кореја и Австралија, а очекува деби и во Европа.



