Увозот на кинески возила во Србија според нови тарифи
Согласно лани есента потпишаниот договор за слободна трговија, од денес во Србија се применуваат нови царински стапки за возилата произведени во Кина. Царините за патничките автомобили се намалуваат од сегашните 12,5 на 11,3 отсто за возилата со бензински мотори до 1.000 и над 1.500 cm³, возилата со дизел мотори, хибридните и плаг-ин хибридните возила за со еднакво намалување секоја година после десет години тие да бидат ослободени од давачки. Царините пак за возилата со бензински и дизел мотори од 1.000 до 1.500 кубни сантиметри ќе изнесуваат 11,7 отсто и ќе бидат постепено намалувани наредните 15 години. За електричните возила место сегашните 5 ќе се плаќаат по 4,5 отсто кои ќе се намалуваат во наредните десет години сé до нивното целосно укинување. За мотоциклите пак до 50 cm³ царинските давачки кои изнесуваат 8 отсто ќе се намалуваат наредните пет години, а за сите други мотоцикли тие се укинуваат, со исклучок на мотоциклите, трициклите и квадрициклите со електричен мотори до 250 W кои ќе останат непроменети.


