Шефот на Stellantis вели дека тежините на батериите што ги користат БЕВ треба значително да се намалат за да бидат поеколошки и да се решат проблемите со недостаток на литиум.
На форумот за слободата на мобилноста организиран од Stellantis, главниот извршен директор на групацијата, Карлос Таварес истакна убеденост дека електричните возила не се единственото решение за идната мобилност. Со тоа се приклучи на групата лидери на групации кои се сомневаат дека моделите со нулта емисија ќе бидат соодветни за сите во секој дел од светот. Во сегашни услови за да се добие автономија на БЕВ од 400 километри бара вградување на 500 килограми дополнителни материјали во споредба со возилата со мотор на согорување.
Говорејќи на форумот Таварес истакна сомнеж во глобалната апликативност на БЕВ. „Мислам дека ова нема да успее. Она што би сакал да го додадам е дека сегашните електрични возила можат да бидат решение за некои од нашите општества. 500 килограми суровини, кои моментално се потребни за да се направи пакет батерии, не изгледаат како многу разумен исход од еколошка перспектива. Во следната деценија, индустријата, базирана на нови хемикалии, треба да постигне напредок во однос на густината на ќелиите и целата батерија, така што ќе мораме да намалиме за најмалку 50% од масата и употребата на суровини во производството на електрични возила. Нема смисла, рече тој, да се стават 500 килограми дополнителни суровини во БЕВ за да се постигне „пристоен“ досег од 400 километри. Намалувањето на масата треба да се достигне во следната деценија со нова хемија, која се надеваме дека ќе го реши недостигот на литиум како клучен елемент во повеќето батерии“.
Иако Таварес не кажа точно како Stellantis планира да ја намали тежината на своите батерии, групацијата тргнува на значителен чекор кон електрификација со надеж дека 100% од нејзината продажба во Европа до крајот на деценијата ќе бидат БЕВ, а 50% од нејзината продажба во САД. Stellantis има цел да продаде 5 милиони БЕВ годишно до 2030 година и ќе воведе повеќе од 75 такви возила на четири платформи, работи на три различни модули за електричен погон, две хемикалии на батериски ќелии, конфигурации со погон на предните, задните и сите тркала, и ќе испорача БЕВ со опсег од 500-800 километри. Кога Stellantis ќе ги направи посакуваните модификации остана недефинирано.