Под притисок на променетите услови на пазарот, Smart планира да понуди плаг-ин верзии на средно големиот кросовер #5. Компанијата која е заедничка меѓу Mercedes и Geely имаше план да прави само електрични возила, кој очигледно беше преамбициозен.
Главните причини за тоа се отстапувањето од гените на оригиналниот Smart и нагласеното премиум позиционирање што резултираше со високи цени. Според непотврдени податоци ланската продажба се движи околу 60 илјади возила, со големо опаѓање на двата главни пазари – Кина и Европа. Плаг-ин хибридната верзија која ќе пристигне 2026-тата треба да го направи Smart #5 подостапен и со тоа да го зголеми интересот на купувачите.