На голем ексклузивен настан во Шангај, Smart го претстави купе-кросоверот #3
Иако изгледот во голема мерка ни беше познат од маскираните прототипи, многумина на прв поглед ќе се заљубат во Smart #3. Пријателското лице со складни линии и поспортската интерпретација на дизајн-филозофијата на марката креирана од Mercedes делуваат волшебно привлечно. Дефинирана со атлетските облини не само заради подобрување на аеродинамиката, каросерија на малиот купе-кросовер дополнително е нагласена со бројни стилски детали. Малите и со тенка ЛЕД лента поврзани светла складно се спарени со веќе препознатливиот за марката преден дел налик на нос на ајкула. Со благо истакнатните крила елегантната и модерно закривена силуета добива мускулеста спортска нота. Задниот дел со светлата со пикселизирани елементи ја заокружува визуелната привлечност.

Во внатрешноста кокпитот ја реафирмира спортската енергија на моделот со кружни облици кои потсетуваат на турбина. Контролната табла се слева во високата конзола над која се наоѓа централниот екран, а вградените елементи ја разигруваат генерално мирната и елегантна архитектура. Внатрешната атмосфера дополнително ја подобрува комбинацијата на природното светло од покровот и повеќебојното амбиентално осветлување.

Smart #3 е долг 4,4 метри и има за 35 милиметри подолгото меѓуоскино растојание од германско-кинеското првенче на чија платформа по потекло од Geely е базиран. Детали за моторизацијата засега нема, но реално е да се очекува палета да биде слична како и кај Smart #1. Во тој случај основната верзија би била со еден електромотор со 272 KS за задните тркала и пакет батерии од 66 киловат-часа доволни за нешто над 400 километри автономија. Вистинското секако би била Brabus изведбата со два електромотора и вкупно 428 коњи. Од Smart истакнуваат дека хомологација на моделот е во тек и дека тој ќе биде претставен на европската публика на салонот на автомобилите во Минхен кој се одржува во септември.



