Објавени првите фотографии на новиот Smart #2
После неколку години производство на поголеми модели, Smart повторно се враќа на своите корени – германско-кинеската компанија ја подготви за претставување сериската верзија на моделот број 2 која ги поминува последните тестирања. Долг е 2,79 метри што е за 10 сантиметри повеќе од последната генерација на неговиот претходник кои го прават идеален за градските улици. Пропорциите со тркала сместени во самите ќошиња на каросеријата му се задржани а конструкциски останува двосед.
Дизајнерски малку е потсмирен и ќе биде достапен само со електричен погон. Најавено е дека батериите ќе имаат 35,7 kWh што би било доволно за околу 300 километри. Подржано е брзото полнење и од 10 до 80 отсто од капацитетот треба да се достигне за помалку од 20 минути. Податоците за моќноста на електромоторот и перформансите засега не се познати. Не се знае ниту цената која секако ќе одлучи дали и Smart #2 ќе биде толку успешен како некогаш ForTwo.
Премиерата е закажана за салонот на автомобилите во Париз есенва.



