Би купиле ли возило кое нема скоро ништо од опрема, ниту радио или електрично задвижувани стакла, макар тоа бил електричен пикап со носивост од 635 килограми кој чини само 28 илјади долари?
Одговорот е веројатно не, но вториот најбогат човек во светот Џеф Безос смета дека ќе биде добра зделка заради што и вложи сопствени пари во компанијата Slate Auto која ќе го произведува.
Дизајнот на пикапот е обичен и доста невпечатлив, внатрешноста како што рековме празна но затоа располага со мноштво безбедноста опрема.
Долг е 4,4 метри а погонскиот систем се состои од еден назад монтиран електромотор со 204 коњски сили и два пакета батерии за автономија од 240 односно 385 километри. Поддржува брзо полнење со моќност до 120 киловати, а може да влече приколка со само 450 килограми товар.
Иако во основа аскетски од компанијата велат дека за него подготвуваат повеќе од стотина опции со кои може да се персонализира, вклучително и посебен кит кој од пикап го претвора во кросовер.
Сериското производство треба да започне при крајот на 2026-тата, на радост на Доналд Трамп во сојузната американска држава Индијана. Плановите се амбициозни и се очекува годишно да се продаваат по 150.000 примероци.


