Уште еден кинески производител на електрични возила затропа на европските порти.

Се работи за Skywell, дел од електронскиот конгломерат Skyworth кој себе си се декларира за водечки производител на телевизори во светот.

За разлика од другите оваа марка има поинаков пристап и досега скромно настапуваше на пар помалку значајни пазари колку да се запознае со условите и навиките на купувачите. Но сега амбициите ѝ се поголеми и од идниот месец ќе стартува со продажба во Велика Британија каде ќе се пробива со кросоверот BE11. Вистинското сепак ќе следи догодина кога ќе започне производството на свежо претставениот модел со едноставна ознака Q.

Дизајнерски складно обликуван со интересни стилски детали, за карактеристиките на овој компактен хечбек по големина скоро идентичен колку Volkswagen ID.3 малку се знае. Ќе има еден електромотор од 204 коњски сили кој ќе ги задвижува предните тркала и два пакета батерии од кои со поголемите ќе има автономија од 480 километри. Наведено е уште и дека до сто километри на час ќе забрзува за тешки  за верување 3,9 секунди и дека за полнење од 20 до 80 отсто од капацитетот ќе бидат потребни околу 20 минути.

Она што не е наведено е цената но затоа производителот кој својот прв автомобил го лансираше 2021-вата гордо истакнува дека возилото ќе има гаранција од 7 години или 160 илјади километри, а батеријата 8 години или 250 илјади километри. Дополнителен аргумент во наводници за квалитетот треба да биде и изјавата на основачот на компанијата кој има

поминато три години во затвор заради финансиски проневери дека купувањето на некое од неговите електрични возила може да излечи висок крвен притисок и дијабетес и да помогне да живеете до 100 години. Според податоците Skywell во Кина ланската година има продадено 18.600 возила и има извезено уште 10.650.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER