Škoda Vision RS :: Еден брз поглед

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Еден брз поглед

Со концептот Vision RS, Škoda ни ја покажа својата визија за идните RS модели
Објавено на 1 октомври 2018 година

Предвечерието на салонот на автомобилите во Париз е идеална прилика да се престават своите премиери пред сите други. Но тоа мора да биде брзо – токму како што Škoda го направи со Vision RS. Сепак и да имаше повеќе време на располагање, пак брзо ќе го претставеше бидејќи овој концепт ја претставува брзината, онаква каква што во иднина ќе ја гледаме од Škoda. Идејата на неговото создавање е да се искомбинираат задоволството во возењето и одговорноста за животната средина, и тоа во еднаква мерка. Затоа и Vision RS има plug-in хибридна погонска група – 1,5 литарскиот TSi му дава на 150 коњски сили, а електромоторот уште стотина. Пакетот батерии поддржува автономија од 70 километри со возење без емисии.

Освен за брзината и екологијата, новиот концепт ја покажува визијата на Škoda и за ентериерот на идните модели. Внатрешниот дизајн ја истакнува подобрената функционалност, а големиот инфозабавен дисплеј на централното место желбата за создавање пријатен амбиент. Тоа е поткрепено и со седиштата направени од еколошки материјали и поврзувањето со гласовниот асистент Alexa. Иако претставен во друга конотација, се очекува од овој концепт да се изроди наследникот на Rapid.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER