Škoda Vision GT – Визија инспирирана од минатото

Најновиот производ од дизајнерскиот центар на Škoda покажува дека на чешките дизајнери никогаш не им недостасувал талент. Прикажанато всушност е компјутетрски генериран модел кој го реинтерпретира концептот ŠKODA 1100 OHC од 1957 година, но во склад на новото време, студијата се однесува на целосно електричен тркачки автомобил кој би можел да се произведе во Млада Болеслав.

Заедно со неговиот претходник, концептот е изложен на изложбата „Дизајн и трансформација“ што се одржува во Брисел и дел е од програмата за поддршка на чешкото претседателство со Европската унија. За да го одбележат чешкото претседателство со Европската унија, бројни чешки компании презентираат производи и дизајни од 1990 до 2020 година. ŠKODA го користи концептот за да испрати јасен сигнал за одржлив спортски дух и емоции во дигиталната ера.

Исто како и 1100 OHC, VISION GT е црвен тркачки автомобил со отворена кабина, но тој е дизајниран како едносед, а возачот седи во средината на возилото. Важните информации се проектираат директно на визирот на кацигата на возачот. Надворешниот изглед на моделот VISION GT се карактеризира со јасни линии и остри рабови. Дизајнот ги одразува актуелните тркачки болиди на Формула Е, што е особено видливо во спектакуларното дводелно задно крило.

Активната аеродинамика, исто така, обезбедува оптимални перформанси во возењето во секое време. Помеѓу двата горни профили на крилата, новиот натпис на ŠKODA во форма на холограм свети во светло црвена боја. Vision GT најверојатно нема да се појави во реалноста, но има големи шанси да настапи на трките во виртуелниот свет во некое издание на видео игра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER