Škoda – Vision 7S Concept

Ем електричен, ем седумсед!

Најавен пред неколку месеци со скици на внатрешноста концептот Vision 7S откри дека се работи за возило со седум седишта. Подоцна се објави дека тоа ќе биде потполно електрично возило, а првите скици на надворешноста покажуваат дека тоа ќе биде спортско корисно возило со потполно нов изглед на предницата. Силните линии што го разграничуваат браникот и маската крунисани се светла во форма на буквата „Т“ каде јасно се раграничуваат дневните осветлувачи поставени хоризонтално. Остро оформената предница е препознатлива за Škoda која е мајсторски вклопена со редизајнираниот браник перфориран со седум отвори за воздух, од кои централниот е штосно офарбан портокалово. Страничните линии на каросеријата остануваат чисти давајќи впечаток дека се работи за купе. На овој впечаток придонесува покривот чија линија благо се спушта кон задниот дел. Премиерата на Škoda Vision 7S ќе се случи идната седмица кога во „живо“ ќе биде претставен овој концепт кој ќе биде носител на новиот дизајнерски јазик на компанијата. Со него ќе се рефлектираат вредностите на марката како што се семејната ориентација, функционалноста, издржливоста, употребата на одржливи материјали и електрификацијата.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER