Škoda Traffication – Надградена за поголема безбедност

Внимавајте – се приближува возило за итни случаи! Вашата Škoda ќе ве предупреди.

Можеби нема да ја слушете сирената или нема да ги забележите ротационите светла, но вашиот автомобил ќе ве информира дека веднаш треба да отстапите место на патот. Оваа нова функција кај автомобилите на Škoda ќе им овозможи на службите за итни случаи и полицијата полесно да поминуваат и да спречат стресни ситуации.

Функцијата е обезбедена од апликацијата Traffication, која е достапна во инфозабавните системи на автомобилите на Škoda од 2020 година. Од самиот почеток се користи за предупредување на возачите за опасни или необични сообраќајни ситуации а нејзината функционалност постојано се подобрува. Кај возилата на Škoda, податоците се доставуваат до апликацијата Traffication, која обезбедува визуелни и, каде што е соодветно, гласовни предупредувања.

Како резултат на тоа, возачите се информираат за присуството на возило со интегриран систем за итни случаи пред да слушнат сирена или да ги видат предупредувачките светла. Апликацијата јасно и разбирливо ја соопштува оддалеченоста и насоката на движење на возилото за итни случаи и прикажува едноставна анимација на екранот за инфозабава што покажува како да се создаде коридор за итни случаи.

Сето ова му дава на возачот дополнително време за реакција. Оваа функција го намалува стресот од двете страни, го забрзува и олеснува преминувањето низ сообраќајот и следствено го намалува ризикот од несреќи, ја зголемува безбедноста и помага да се спасат животи. Предупредувањето моментално е достапно во Холандија и делови од Обединетото Кралство, со дополнителни региони што ќе следат.

Наскоро ќе се придружи чешката полиција, а возилата на Škoda ќе бидат првите што ќе ја поддржат функцијата во Белгија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER