Лансиран во 2001 година, X‑Trail стана еден од најуспешните глобални модели на Nissan.
При лансирањето, Nissan го позиционираше X‑Trail како вистински теренец, комбинирајќи спортски дух со исклучителна разновидностнудeјќи алтернатива на традиционалните 4×4 теренски возила, со помала потрошувачка на гориво, подобра маневрабилност и подостапна цена.
Со својот едноставен, практичен и робустен дизајн, тој силно им се допадна на младите семејства кои уживаа во активности на отворено и на клиентите со активен животен стил. Името ја одразува неговата намена: „X“ за екстремни активности и „Trail“ за способност на груб терен. Во текот на неговите четири генерации, X‑Trail изгради силен глобален отпечаток, постигнувајќи успех низ Африка, Океанија, Азија и Јужна Америка.
Подоцна, во својата трета генерација, претставен е во Соединетите Американски Држави како Rogue, каде моделот еволуираше од практичен кроовер во електрифициран, технолошки напреден модел без да ја изгуби својата основна ДНК на робусност и разновидност.
Од другата страна на Атлантикот Rogue стана и останува најпродаваното возило на Nissan.
Денес, X‑Trail го продолжува ова наследство со хибридната технологија e‑POWER и системот за погон на сите тркала e‑4ORCE, обезбедувајќи непречени, ефикасни и сигурни перформанси во сите услови. Сега X‑Trail се продава во 95 земји.За неговите четврт век на пазарот Nissan има продадено над 8 милиони единици низ целиот свет.



