Škoda Scala :: И цената едно скалило погоре

И цената едно скалило погоре

Цената на новата Škoda Scala се доближува до онаа на Golf, но не толку како што се претпоставуваше

Објавено на 24 јануари 2019 година

Во пресрет на премиерата, Škoda ги објави цените на новата Scala во Германија. Овој модел кој се доживува како чешки конкурент на Golf и со неа ќе се доближи до него, но сепак ќе остане на пристојна дистанца. Конкретно, основната верзија на Scala со 1,0 литарски TSi мотор со 95 коњски сили таму ќе чини 17.350 евра, што е за 900 евра повеќе од Rapid со истиот мотор. Но истовремено и за 1.950 евра пониска од најевтината верзија на Golf во Германија, кој со 85-коњската изведба на тој мотор чини 19.300 евра. Тоа докажува дека Škoda и со Scala и понатаму останува на своите ценовни позиции.

Scala е првиот модел на Škoda поставен на MQB A0 платформата. Со својот атрактивен дизајн и значително поквалитетна изработка на ентериерот се смета дека сериозно ќе навлезе на територијата на Golf. Заради тоа и се очекуваше дека цената ќе му биде поблиска до неговата. Ќе биде понудена со бензински мотори во распон од 95 до 150 коњски сили, а дизелите ќе ги претставува познатиот 1.6 TDi со 115 коњи. Неговата цена со основното ниво на опрема во Германија ќе изнесува 21.500 евра, што е за 2.375 помалку од најевтиниот Golf со истиот мотор.

Продажбата на Škoda Scala ќе започне летово.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER