Škoda Octavia Scout » Сега и со погон на предните тркала

Top News Новитети

Сега и со погон на предните тркала

Додека сé почесто кросовер моделите доаѓаат со погон само на предните тркала, Škoda ги развиваше своите Scout модели со 4х4 погон – сé досега

Објавено на 13 јуни 2020 година

Škoda продолжи да ја шири гамата на најновата генерација на Octavia, и тоа со мало изненадување – после спортската Octavia RS која беше покажана порано годинава, сега светлоста на денот ја здогледа и новата Octavia Scout. Изненадувањето е во тоа што оваа (про)теренска верзија на популарната чешка лимузина, повторно базирана на караванска Combi изведба со зголемен клиренс за 30 mm, дополнителни заштитни елементи на каросеријата, кровни носачи и поголеми тракала, сега е со погон на предните тркала. Се разбира, 4х4 верзијата и понатаму останува во понуда, а заеднички ќе им бидат дволитарските дизели со 115, 150 и 200 коњски сили и TSi бензинците од 1,5 литри со 150 и два литри со 190 KS. Во зависност од агрегатот ќе се вградува  шестстепен мануелен и седумстепен DSG менувач. Како и регуларната Octavia Combi и оваа изведба е нешто подолга од претходникот, а зафатнината на багажникот е зголемена за 30 литри и изнесува 640 литри. За внатрешноста се предвидени поквалитетни материјали, инфо-забавен систем со екран од 8,25 или 10 инчи, дигитална инструмент табла од 10,25 инчи, електронска рачна сопирачка, head-up дисплеј и друго, а се достапни и фул-ЛЕД матрикс предни светла.

Новата Octavia Scout на пазарот ќе пристигне во втората половина годинава.

клучни зборови: ,